Христи Бикоски е херој за Прилеп и реми помеѓу Јуниор Кисела Вода

Екипите на Прилеп и Јуниор Кисела Вода одиграа нерешено со 24-24 во натпревар од плеј-аутот во Супер лигата.

Од почетокот на натпреварот беше неизвесно, па така се играше гол за гол. На пауза резултатот беше нерешен со 11-11.

Во второто полувреме двете екипи го менуваа водството, но на крај левото крило Христи Бикоски погоди за реми на Прилеп против Јуниор Кисела Вода.

Најефикасен во тимот на Прилеп беше Давор Шокоски 13 гола, додека кај екипата на Јуниор Кисела Вода најефикасен беше Дарио Симоноски со 8 гола.

(фото – Рк Прилеп)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.