Ракометарките на Спартак забележаа убедлива победа против тимот на Кузман Вардар со резултат 43-27 во натпревар од плеј-аутот во Женската Супер лига.
На полувреме Спартак имаше предност од 19-11. Во второто полувреме Спартак ја зголеми предноста, па на крај да се радува на триумф против Кузман Вардар.
Најефикасна во редовите на Спартак беше Јана Ѓошевска со 18 гола, додека кај екипата на Кузман Вардар најефикасна беше Сандра Јовевска со 11 гола.
(фото – ЖРК Спартак)📷