Тимот на Еурофарм Пелистер ќе се бори за титулата од Купот на Македонија против Вардар 1961 во сабота од 18:00 часот во спортската сала „Билјанини извори“ во Охрид.
Билети за финалниот натпревар, по цена од 200 денари, можете да набавите на продажниот пункт пред спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола денес, 12 мај, од 12:00 до 16:00 часот. Исто така на продажниот пункт може да купите и дрес од вашиот омилен клуб.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷