Екипата на Вардар Неготино забележа победа против тимот на Куманово со конечни 35-30 во натпревар од 14. коло во плеј-аутот во Супер лигата, и ќе игра бараж.
Тимот на Вардар Неготино од почетокот на натпреварот имаше контрола на играта, па на пауза замина со предност од 14-10.
Во второто полувреме продолжи добрата игра на Вардар Неготино, па на крај да слави против Куманово.
Најефикасен во тимот на Вардар Неготино беше Лазар Адамовиќ со 11 гола, додека кај екипата на Куманово најефикасен беше Вучко Мрвовиќ исто така со 11 гола.
(фото – Рк Вардар Неготино)📷