Екипата на Голден Арт е нов шампион во машка младинска лига, откако во финалето на Ф4 турнирот во Богданци, го совлада Бутел Скопје со 31-27.
По финалето беше познат Ол Стар тимот, и беа доделени индивидуални признанија и награди.
МВП на турнирот беше Кристијан Стаменковиќ од Голден Арт, додека најдобар стрелец на турнирот беше Антонио Николоски од Младост Богданци, а најдобар голман на турнирот беше Благој Панов исто така од Младост Богданци.
Познат е Ол Стар тимот на Ф4 турнирот во младинска машка лига:
Благој Панов (Рк Младост 1977 Богданци) – голман
Дамјан Субашевски (Рк Бутел Скопје) – лево крило
Антонио Николоски (Рк Младост 1977 Богданци) – лев бек
Немања Џигероски (Рк Голден Арт) – среден бек
Кристијан Стаменковиќ (Рк Голден Арт) – десен бек
Дамјан Георгиев (Рк Тинекс Пролет) – десно крило
Илија Чрчев (Рк Младост 1977 Богданци) – пикер

(фото – Рк Голден Арт)📷