Горан Кузманоски ќе го води тимот на Бутел Скопје во новата сезона

Некогашниот успешен македонски репрезентативец, а сега успешен стратег Горан Кузманоски, ќе го води тимот на Бутел Скопје.

Кузманоски, кој во играчката кариера настапуваше во Македонија, Италија, Шпанија, Шведска, Португалија и Романија, потпиша договор на две сезони со тимот на Бутел Скопје.

Тренерската кариера започна да ја гради во Романија, а во Македонија ги водеше тимовите на Прилеп и Скопје 2020.

Откако ќе биде комплетиран играчкиот ростер, клубот ќе го објави планот на подготовки пред стартот на новата сезона.

“Бутел е екипа која низ годините презентираше добри резултати во Супер лигата и настапи во европските купови. Покрај заминувањето на неколку искусни играчи и играчи кои имаа продонес во екипата, клубот одлучи да се помлади и со нова енергија да влезе во борба за плеј-оф. Амбициите, добрите школи во младите категории ме натераа да се решам да потпишам договор. Целта е пласман во плеј-оф, иако ќе имаме доста подмладена екипа со просек од 23 години. Ме радува и фактот што има младински репрезентативци, што чекор по чекор ќе бидат носители во првиот тим”, – изјави Горан Кузманоски.

(фото – Рк Бутел Скопје)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести