Црногорскиот среден бек, Драган Јелушиќ е новото засилување на екипата на Прилеп во наредните две години.
23 годишниот Јелушиќ е поранешен јуниорски репрезентативец на Црна Гора и еден од најдобрите стрелци во црногорското првенство.
Во Прилеп доаѓа од МРК Искра Бугојно, Босна и Херцеговина, каде изминатата сезона во склоп на овој клуб постигна 65 гола.
(фото – Рк Прилеп)📷