Продолжуваме со серијата на интервјуа, овој пат направивме интервју со тренерот на Рк Драчево, Велимир Настески.
1. Колку време постои клубот Рк Драчево?
- Ракометниот Клуб Драчево е основан во 2009 година, и постои веќе 14 години.
2. Какви се амбициите на клубот за следната сезона, после неуспехот во баражот за Супер лигата?
- Амбициите на клубот по неуспехот во баражот се исти, влез во Супер лига се надеваме на повеќе среќа следната сезона се разбира поискусни и поспрмени за борба.
3. Дали добро се вложува во спортот, ракометот во Македонија?
- Во спортот не се вложува доволно, во сите спортови во Македонија.
4. Какви се условите во Драчево, дали клубот има своја сала?
- Условите за тренинг и натпревари ни се многу проблематични, ги одржуваме 15 км подалеку од Драчево, кое има 25.000 жители, а нема спортска сала за професионален спорт. Срамота е во 21 век, населба од 25.000 жители да нема спортска сала, жално.
5. Како за крај на интервјуто што ќе изјавиш?
- Сакам да им посакам на сите да тренираат и да спортуваат, без разлика за каков спорт станува во прашање.
(фото – Рк Драчево)📷