Почина Ѓорѓи Гроздановски – Моцарт, човек посветен на Пелистер

Утрово во 84-тата година од животот почина една од најголемите легенди на Пелистер и на ракометниот спорт на просторите на поранешна Југославија.

Ѓорѓи Гроздановски – Моцарт е синоним за Рк Пелистер, за развојот на овој спорт и неговата трага е неизбришлива и неповторлива.

Со ракомет почна да се занимава во 1955 година, и професионално играше до 1962 година. Беше тренер на женска екипа од 1962 до 1965 година, а потоа кратко се занимаваше и со судење. Од 1971 до 2013 година беше генерален секретар на РК Пелистер. Сите успеси на клубот во поранешна Југославија се поврзани со неговото име.

Немерливи се заслугите на Ѓорѓи Гроздановски за промоцијата во Првата југословенска лига, за првиот настап во Европа, за сезоните во кои Пелистер се бореше за титулата со најдобрите екипи во најсилната светска лига. Со него на чело започна доминацијата на Пелистер во македонското првенство, првиот натпревар во Лигата на шампионите, првиот натпревар на македонската репрезентација во историјата, одигран во Битола.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести