Машката кадетска репрезентација на Македонија забележа триумф против Грузија со резултат 27-21 и се пласира во главната фаза на Светското првенство.
Македонија од почетокот на натпреварот го имаше водството, на пауза замина со предност од 13-10. Во второто полувреме Македонија продолжи со водството, па на крај да триумфира против Грузија.
Најефикасни во селекцијата на Македонија беа Ненад Белистојаноски и Дамјан Субашевски со по шест гола.
(фото – РФМ)📷