Вероника Ѓорѓиевска го продолжи договорот со Вардар

Екипата на Вардар, која има високи амбиции за следната сезона во Женската Супер лига задржа уште една ракометарка во своите редови.

Станува збор за ракометарката Вероника Ѓорѓиевска, која го продолжи договорот со тимот на Вардар.

Ракометарката Вероника Ѓорѓиевска настапува на голманската позиција и за нејзе следната сезона ќе биде 10. јубилејна сезона во дресот на Вардар.

(фото – ЖРК Вардар)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *