Сара Богојеска останува верна на Куманово и следната сезона

Екипата на Куманово, која има високи амбиции за новата сезона во Женската Супер лига го продолжи договорот со уште една ракометарка.

Станува збор за ракометарката Сара Богојеска, која останува и наредната сезона во екипата на Куманово.

Сара Богојеска потекнува од екипата на Деспина и настапува на позицијата лев бек. Таа изминатата сезона со тимот на Куманово го освои Куп трофејот на Македонија.

(фото – ЖРК Куманово)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.