Барселона го освои турнирот во Добој

Екипата на Барселона го освои ТВ турнирот на шампионите што се одигра во Добој (Босна и Херцеговина), откако во финалето го совлада Ал Ахли со 37-31.

Во натпреварот за 3. место, односно за бронзата, екипата на Војводина славеше против Монпелје со 40-39.

За 5. место на турнирот се избори ППД Загреб, откако забележа победа против Еурофарм Пелистер со конечни 26-24.

Тимот на Целје триумфираше против екипата на Слога Добој со 42-27 во натпреварот за 7. место.

(фото – Рк Барселона)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.