Денеска се одигра 1. коло од турнирот “Миле Нешкоски”, а победи забележаа екипите на Прилеп, Мулти Есенс, Тинекс Пролет и Дубочица.
Прилеп триумфираше против Струга со резултат 29-24. Тимот на Мулти Есенс обезбеди триумф против Кокс од Финска со конечни 29-26.
Победа оствари и екипата на Тинекс Пролет, која го победи составот на Еурофарм Пелистер 2 со високи 22-12. Составот на Дубочица забележа лесна победа против тимот на Скопје 2020 со конечен резултат 36-24.
(фото – Рк Прилеп)📷