По освојувањето на двата трофеи пред почетокот на натпреварувачката сезона, на турнирот во Струга и на Супер Купот во Струмица каде триумфираше тимот на Вардар 1961, се зголеми и бројот на пријатели, поддржувачи и спонзори на „црвено-црните“. Нов пријател на Вардар 1961 е позната македонска компанија Пекабеско.
Оваа компанија во приватна сопственост чија главна дејност е производство на сувомеснати производи и диструбиција на производи за широка потрошувачка го препозна спортскииот бренд Вардар 1961 и реши во иднина да биде меѓу компаниите што ќе го поддржат клубот.
Тие ќе бидат дел од клубот на партнери, поддржувачи и спонзори на Вардар и ќе му помогнат во исполнување на целта – враќање во самиот ракометен врв во Македонија и Европа.
(фото – Рк Вардар 1961)📷