Гоце Ојлески: Ќе дадеме се од себе во битката со вицепрвакот

Екипата на Охрид максимално се подготвува за дерби натпреварот со Алкалоид во 2. коло во Супер лигата, што се игра претстојниот викенд.

За овој натпревар своја изјава имаше и левото крило на Охрид, Гоце Ојлески, каде изјави дека тимот го очекува тежок натпревар со Алкалоид.

“Во недела играме против вицепрвакот на Македонија. Самото тоа кажува за квалитетот на Алкалоид, кој е составен од македонски репрезентативци, оваа година засилен со неколку нови ракометари. Очекувам тежок натпревар. Ние се подготвуваме максимално и ќе дадеме се од себе за да одиграме најдобро што можеме”, – изјави Гоце Ојлески од ГРК Охрид.

(фото – ГРК Охрид)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести