Тинекс Пролет направи уште еден значаен чекор кон место во плеј-офот откако тимот славеше на гостувањето против Голден Арт со 25-23.
Градскиот ривал се покажа како цврста екипа што не се откажува, но избраниците на Лембанов беа подобар противник, го контролираа резултатот од почеток до крај и апсолутно заслужено се враќаат дома со три бода на своето салдо, четврти триумф по пет одиграни натпревари оваа сезона.
Најефикасен во тимот на Тинекс Пролет беше Александар Василевски со осум гола, додека кај екипата на Голден Арт најефикасен беше Дејан Гошевски со шест гола.
(фото – Рк Тинекс Пролет)📷