Екипата на Тиквеш забележа победа на гостувањето кај екипата на Еурофарм Пелистер 2 со конечен резултат од 32-27.
Тимот на Тиквеш и на пауза имаше предност од 16-13. Во второто полувреме Тиквеш продолжи исто како во првото, па на крај да се радува на победа против тимот на Еурофарм Пелистер 2.
Најефикасни во тимот на Тиквеш беа Мирко Мајиќ и Страхиња Симиќ со по седум гола, додека кај екипата на Еурофарм Пелистер 2 најефикасен беше Мирче Калајџиески со шест гола.
(фото – ГРК Тиквеш 2014)📷