Екипата на Вардар, која има високи амбиции за следната сезона во Женската Супер лига и во Европа се засили со нова ракометарка.
Станува збор за ракометарката Марија Дуновска, која во следната сезона ќе го носи дресот на Вардар.
Ракометарката Марија Дуновска настапува на голманската позиција и таа доаѓа од редовите на Стружанка.
Марија Дуновска ланската сезона беше избрана за најдобар голман на Ф4 турнирот за кадетки, а исто така таа е и кадетска репрезентативка на Македонија.

(фото – ЖРК Вардар)📷








