Екипата на Прилеп, која има високи амбиции за следната сезона во Супер лигата се засили со нов ракометар.
По една сезона помината во Грција, Стефан Лозаноски повторно се враќа во својот матичен клуб, носејќи со себе дополнително искуство, зрелост и квалитет стекнати на меѓународната сцена.
“Стефан е добро познато име за прилепската публика, ракометар кој секогаш го дава максимумот на теренот и со голема посветеност ги брани боите на својот клуб. Неговото враќање претставува значајно засилување за нашиот тим во пресрет на новите предизвици”, – објавија од Рк Прилеп на социјалните мрежи.

(фото – Рк Прилеп)📷








