Младост Богданци го потпиша првиот професионален договор со еден од најталентираните производи на ракометната школа младиот Никола Тасев.
Младиот ракометар Никола Тасев настапува на позициите лев и среден бек и тој има 17 години.
“Од првите ракометни чекори до професионален играч – Никола е пример дека со работа, дисциплина и верба во сопствените можности, соништата стануваат реалност”, – објавија од Рк Младост 1977 Богданци на социјалните мрежи.

(фото – Рк Младост 1977 Богданци)📷








