Ракометарките на Куманово забележаа убедлива победа на гостувањето кај екипата на Астибо со високи 37-19.
Куманово ја оправда фаворитската улога, која ја имаше во текот на целиот натпревар, па така немаше проблеми околу победата против Астибо.
Најефикасна во редовите на Куманово беше Јана Ѓошевска со осум гола, додека кај екипата на Астибо најефикасна беше Марија Анчева со девет гола.
(фото – ЖРК Куманово)📷