Екипата на Младост Богданци забележа победа против тимот на Јехона со конечен резултат од 35-33 во Првата лига.
Ракометарите на Младост Богданци во текот на целиот натпревар беа во водство, па така триумфираа на крајот од натпреварот.
Најефикасни во тимот на Младост Богданци беа Душан Каркалашев и Никола Роглев со по осум гола, додека кај екипата на Јехона најефикасен беше Дамјан Наумовски со десет гола.
(фото – Рк Младост 1977 Богданци) 📷