Екипата на Радовиш продолжува со победите во Првата лига, откако на гостински терен славеше против Партизан Гевгелија со 38-23.
Тимот на Радовиш на полувреме водеше со 19-12. Во второто полувреме Радовиш ја зголеми разликата, па на крај да се радува на триумф.
Најефикасен во тимот на Радовиш беше Зоран Стојановски со осум гола, додека кај екипата на Партизан Гевгелија најефикасен беше Ѓорге Банцалиски со десет гола.
(фото – Рк Радовиш)📷