Екипата на Магдебург е шампион на Супер Глоуб турнирот по трет пат, откако во финалето го совлада Фуксе Берлин со 34-32.
Брозната ја освои Барселона по триумфот над Киелце со резултат 33-30. За петтото место Ал Ахли славеше против Ал Калеј со конечни 35-34.
Седмото место му припадна на Ал Кувајт, кој триумфираше против Ал Наџма со 29-24. Деветото место за Ал Нур, по победата на Сан Франциско од 29-24. Тимот на Сан Фернандо го освои 11. место, по победата на Универзитет Квинсленд со 39-28.

(фото – Рк Магдебург)📷