Екипата на Тиквеш, во вториот дел од сезоната ќе биде предводена од нов стратег на клупата, каде тимот ќе игра во плеј-офот.
Станува збор за Раде Стојановиќ. Стојановиќ е актуелен селектор на машката младинска репрезентација на Македонија, а на клупско ниво го предводеше и тимот на Охрид.
,,Своите ракометни почетоци ги имав во овој регион па сега е време со својата работа да возвратам на регионот од чија ракометна школа излегоа квалитетни ракометари. Се радувам што сум тука во улога на тренер и познавајќи го менталитетот на регионот, знам и верувам дека ќе се бориме на секој натепревар и за секој бод во плеј офот”, – изјави Раде Стојановиќ.
(фото – ГРК Тиквеш 2014)📷