Ракометарките на Вардар стартуваа со подготовки под водство на новиот тренер Анжела Платон, која ќе го предводи тимот во понатамошниот дел од сезоната.
Тренинзите на Вардар ќе се одвиваат во салата “Круме Кепески”. Ростерот на тимот останува непроменет, а Александар Царчев ќе биде тренер на голманите во тимот.
(фото – ЖРК Вардар)📷