Екипата на Ѓорче Петров забележа убедлива победа против екипата на Пелистер со конечен резултат 46-12 во Женската Супер лига.
Победата беше обезбедена уште на полувреме, кога Ѓорче Петров имаше висока предност од 25-6.
Најефикасна во редовите на Ѓорче Петров беше Емилијана Ризоска со девет гола, додека кај екипата на Пелистер најефикасна беше Сара Рујановска со шест гола.
(фото – ЖРК Ѓорче Петров)📷