Шампионот на Македонија, Еурофарм Пелистер го претстави првото засилување за сезоната 2024/2025.
Станува збор за голманот на Порто, Никола Митревски. Митревски се враќа во својот матичен клуб и ќе го поведе тимот во следните две сезони.
Во тимот доаѓа уште еден искусен ракометар, постојан учесник во Лигата на шампионите и роден шампион. По четири сезони во првакот на Португалија, Порто, Митревски ќе застане на голот на Еурофарм Пелистер. Во својата кариера го носеше дресот на Констанца, Бенфика, Металург и Вардар.
Официјалното претставување на голманот Никола Митревски е предвидено во текот на денот.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷