Ѓорче Петров со нов спонзор ќе атакува на висок пласман (ФОТО)

Во просториите на Фила Фарм – генералниот увозник и дистрибутер на германскиот бренд ортомолекуларни препарати Ортомол, претставниците на клубот и директорката на Фила Фарм, Емилија Јовановска потпишаа договор за соработка.

Оваа нова соработка ќе овозможи ракометарките кои напорно тренираат да добијат суплементи кои ќе им помогнат во одржувањето на формата. Имено, Ортомол Спорт ќе им овозможи дополнување на потребните микронутриенти потребен во понтамошниот тек на натпреварувања.

(фото – ЖРК Ѓорче Петров)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.