Селекторот на машката сениорска репрезентација во ракомет на плажа Наум Бабачев го објави списокот за собирот.
На списокот повикани се 10 ракометари. Машката сениорска репрезентација во ракомет на плажа ќе се собере на 08.06.2026 година во 13:00 часот во хотелот “Green Space” во Охрид, со што официјално ќе ги започне подготовките за претстојниот меѓународен турнир во Полска.
По неколкудневните подготовки, националниот тим ќе отпатува за градот Плоцк, Полска, на 12 јуни, каде ќе учествува на меѓународен турнир во конкуренција на европски селекции.

https://macedoniahandball.com.mk/wp-content/uploads/2026/06/rakomet-na-pesok.pdf
(фото – РФМ)📷








