Екипата на Еурофарм Пелистер, која има високи амбиции за следната сезона во Супер лигата се засили со нов ракометар.
Станува збор за ракометарот Диего Басанесе, кој доаѓа од редовите на Умаг и настапува на позицијата десен бек.
Пред да дојде во Битола, Басанесе со успех го носеше дресот на Умаг, а со кадетската репрезентација на Хрватска блесна и се врати со медал од Медитеранските игри. Басанесе потпиша четиригодишен договор со Еурофарм Пелистер.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷








