Мулти Есенс победнички против Скопје 2020

Екипата на Мулти Есенс забележа победа против екипата на Скопје 2020 со конечен резултат 32-20 во плеј-аутот од Супер лигата.

Иако на пауза беше нерешено со 12-12, сепак Мулти Есенс со подобра игра во второто полувреме стигна до победа против Скопје 2020.

Најефикасен во редовите на Мулти Есенс беше Давид Димевски со 11 гола, додека кај екипата на Скопје 2020 најефикасен беше Давор Шокоски со седум гола.

(фото – Рк Мулти Есенс)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести