Младинките на Македонија ја одбраа групата за СП 2024 година

Женската младинска репрезентација на Македонија ги одбра противниците и групата за СП 2024 година што ќе се одржи во нашата земја.

Репрезентацијата на Македонија ќе настапува во групата Х со репрезентациите на Исланд, САД и Ангола.

СП 2024 година ќе се одржи во Македонија од 19 до 30 јуни. Натпреварите ќе се играат во СЦ “Јане Сандански” и СЦ “Борис Трајковски”, во Скопје.

(фото – ИХФ)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.