Ракометарките на Вардар запишаа убедлива победа против екипата на Астибо со високи 51-25 во Женската Супер лига.
Вардар победата ја обезбеди уште во првото полувреме, кога на полувреме имаше високи 27-12.
Најефикасна во редовите на Вардар беше Бојана Коцева со 14 погодоци, додека кај Астибо најефикасна беше Марија Анчева со 16 погодоци.
(фото – ЖРК Вардар)📷








