Екипата на Мулти Есенс забележа победа против екипата на Прилеп со минимални 34-33 во натпревар од плеј-аутот од Супер лигата.
Иако на полувреме Прилеп имаше предност со минимални 20-19, сепак на крај бодовите ги освои Мулти Есенс.
Најефикасен во редовите на Мулти Есенс беше Давид Димевски со девет гола, додека кај екипата на Прилеп најефикасен беше Пеце Рајатоски со десет гола.
(фото – Рк Мулти Есенс)📷