Екипата на Бисинов Фруит Ленд забележа победа против Радовиш во дерби натпревар со минимални 26-25.
Иако на полувреме Радовиш имаше минимална предност од 15-14, сепак на крајот од натпреварот бодовите ги освои тимот на Бисинов Фруит Ленд.
Најефикасен во тимот на Бисинов Фруит Ленд беше Ивица Илиев со осум гола, додека кај Радовиш најефикасни беа Иван Митревски и Зоран Стојановски со по седум гола.
(фото – Рк Бисинов Фруит Ленд)📷