Составот на Пролет стигна до победа на гостувањето кај екипата на Вардар Неготино со минимални 25-24 во Првата лига.
Иако екипата на Вардар Неготино го имаше водството, сепак на крајот Пролет се избори за победа во Неготино.
Најефикасен во редовите на Пролет беше Есад Дрпљанин со девет гола, додека кај Вардар Неготино најефикасен беше Мирослав Митевски со осум гола.
(фото – Рк Пролет 62)📷








