Ви ги претставуваме панелистките на првиот Женски ракометен форум, а првиот член е Индира Кастратовиќ.
Лидерство, победнички менталитет и шампионски дух. Индира Кастратовиќ е едно од најголемите македонски ракометарки на сите времиња. Нејзиниот шут доволно силен и препознатлив за да остави длабока трага и на европската ракометна сцена, особено во шампионската ера на Кометал Ѓорче Петров.
Симбол и предводничка на Златната генерација на женската македонска ракометна репрезентација, која играше со неверојатна страст и срце на терен, создавајќи неповторливи моменти врежани во нашата колективната спортска меморија.

(фото – РФМ)📷








