Екипата на Астраион забележа победа против екипата на Текстилец со конечен резултат од 41-33 во плеј-аутот од Првата лига.
Астраион од почетокот на натпреварот имаше контрола на резултатот, па така стигна до победа против Текстилец.
Црвен картон поради три исклучувања заработи ракометарот на Астраион, Александар Цонев.
Најефикасен во редовите на Астраион беше Васе Наков со десет гола, додека кај Текстилец најефикасни беа Дарио Јорданов и Филип Џинес со по седум гола.
(фото – Рк Астраион)📷