Во Купот на Македонија кај жените МВП беше Марија Јанкуловска, најдобар стрелец Леонора Рахмани и најдобар голман Магдалена Којовиќ

Екипата на Ѓорче Петров го освои Купот на Македонија, откако во финалето славеше против Чаир со 36-24.

По крајот на натпреварот беа доделени награди и индивидуални признанија за најдобрите на Ф4 турнирот во Купот на Македонија.

За МВП на турнирот беше прогласена Марија Јанкуловска од Ѓорче Петров, додека за најдобар стрелец беше Леонора Рахмани од Чаир и најдобар голман беше Магдалена Којовиќ исто така од Чаир.

(фото – РФМ)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.