Астраион го доби натпреварот со Кичево 2020

Екипата на Астраион забележа победа против екипата на Кичево 2020 со резултат 40-32 во плеј-аутот од Првата лига.

Тимот на Астраион од почетокот на натпреварот имаше водство, на полувреме водеше со 21-14. Во второто полувреме продолжи водството на Астраион за на крај да слави против Кичево 2020.

Најефикасен кај Астраион беше Васе Наков со девет гола, додека кај Кичево 2020 најефикасни беа Стефан Стефаноски и Никола Стрезоски со по десет гола.

(фото – Рк Астраион)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.