Младен Крсманчиќ го засили тимот на Вардар 1961

Бековската позиција на Вардар 1961 во новата сезона ќе биде засилена за уште еден интернационалец. „Црвено-црните“ го договорија сропскиот интернационалец Младен Крсманчиќ (31) кој во клубот треба да остане најмалку една сезона.

Овој 184 см. висок играч настапува на позицијата среден бек, а доаѓа од Унгарија каде претходните сезони настапуваше во тимот на Чурго.

Во својата играчка кариера има настапувано за тимот на Југовиќ, Слога, Железничар, Анаитасуна (Шпанија) и во Чурго (Унгарија)

„Потпишувањето на договорoт со Вардар претставува значаен чекор во мојата спортска кариера. Овој клуб со својата богата историја и успехoт во освојувањето на ракометната Лига на шампиони за мене го симболизира врвот на професионалниот ракомет. Во претстојната сезона очекувам интензивна работа, посветеност и заеднички напор за освојување на нови титули, а особено се радувам на можноста да придонесам за тимот со моето искуство и енергија на теренот”, – изјави Крсманчиќ.

Српскиот ракометар треба да се појави на прозивката на клубот во јули кога ќе почнат подготовките за новата сезона. Како вицепрвак Вадар 1961 ќе игра во Лигата на Европа.

(фото – Рк Вардар 1961)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести