Раководството на Бутел Скопје го договори ангажманот на младинскиот репрезентативец на Египет, Хусеин Валид Кадах.
Кадах има 20 години (195/102) и доаѓа од египетскиот клуб Ел Шармс Спортинг Клуб, а настапот во Македонија ќе му биде прво интернационално искуство во кариерата. Египќанецот игра на левата бековска позиција, а може да покрие и на среден бек.
“Навистина ми е чест што ќе играм за Бутел Скопје и ќе имам свој придонес на ракометната сцена во Македонија. Ова е фантастична можност во мојата кариера, и јас едвај чекам да до придонесувам во тимот. Со нетрпение очекувам да работам напорно, да учам од моите соиграчи и тренери и да имам позитивно влијание на теренот. Заедно, верувам дека можеме да постигнеме големи работи и да донесеме успех на клубот”, – изјави Кадах.
(фото – Рк Бутел Скопје)📷