Леонид Киселовски е нов ракометар на Бутел Скопје

Раководството на Бутел Скопје го договори ангажманот на организаторот на играта, Леонид Киселовски.

Киселовски има 21 година (180/81) и доаѓа од тимот на Скопје 2020, каде што настапуваше последните четири сезони. Кариерата ја започна во тимот на Аеродром, а беше дел и од младинските категории на Тинекс Пролет и Вардар 1961.

“Ме привлече ростерот со млади перспективни играчи и систем на работа кој се залага за нивен напредок. Амбициозен клуб кој има високи цели како излез во Европа и осигурување на едно од првите пет места”, – изјави Леонид Киселовски.

(фото – Рк Бутел Скопје)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.