Со почетокот на меѓународниот меморијален турнир “Крсте Андоновски” од 20 август, стартува продажбата на сезонскиот билет за сезоната 2024/2025. Сезонскиот билет ќе се продава исклучиво на билетарата на СРЦ “Билјанини Извори”.
Сезонскиот билет важи за сите домашни натпревари во Супер лигата и плеј-оф натпреварувањето, како и Куп елиминациските натпревари.
Цената на сезонскиот билет со официјалниот дрес од Охрид изнесува 2500 денари. Сезонскиот билет не важи за натпреварите на Охрид во Европскиот Куп на ЕХФ.
(фото – ГРК Охрид)📷