Десното крило на Вардар, португалскиот интернационалец Мигуeл Пинто успешно го оперираше менискусот на десното колено.
Поради проблемите кои се појавија во подготвителниот период претсезоната, беше решено оперативниот зафат да биде направен побрзо, и истиот го изврши др. Небојша Настов.
Се очекува Пинто да се врати на теренот за 8-10 седмици, кога би требало да дебитира за Вардар 1961.

(фото – Рк Вардар 1961)📷