Екипите на Радовиш и Овче Поле одиграа нерешено со конечни 30-30 во натпревар од Првата лига.
На полувреме Овче Поле водеше со резултат 16-14. Во второто полувреме на неколку секунди Овче Поле доби удар за седум метри, но не реализираше и натпреварот заврши нерешено.
Најефикасен во редовите на Радовиш беше Васе Петров со осум гола, додека кај Овче Поле најефикасен беше Филип Петровски со десет гола.
(фото – Рк Радовиш)📷








