Пионерската екипа на Прилеп во рамки од 10. коло од пионерската лига ја совлада екипата на Охрид со конечни 21-13 на домашен терен.
Составот на Прилеп го имаше водството во текот на целиот натпревар, па на крај да прослави победа против составот на Охрид.
Најефикасни во составот на Прилеп беа Илија Стојаноски со осум гола, Марко Станоески и Петар Јованоски со по три гола.
(фото – Рк Прилеп)📷








