Екипата на Еурофарм Пелистер ја очекува гостување кај екипата на Динамо Букурешт во натпревар од Лигата на шампионите.
За овој натпревар своја изјава имаше и ракометарот на Еурофарм Пелистер, Павле Атанасијевиќ.
“Ни следат два тешки натпревари. Се спремаме за Динамо Букурешт, напорно работиме и верувам дека ќе одиграме во рамките на нашите можности. Имаат многу интернационалци, играат модерен ракомет и ќе биде тешко да се игра против нив. Сепак, максимално и до секој детал се подготовуваме. Нашите навивачи насекаде не бодрат, па така ќе биде и во Букурешт. Ќе се обидеме да ги израдуваме”, – изјави ракометарот на Еурофарм Пелистер, Павле Атанасијевиќ.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷